htc-10-news-leak-970-80

Досегашните информации велеа дека новиот знаменосец на HTC ќе има AMOLED дисплеј, но според твитерџијата Evan Blass, кој скоро никогаш не греши со информациите кои ги дава, телефонот ќе има Super LCD 5 дисплеј.

Ова може да разочара некои купувачи – AMOLED дисплеите имаат генерално подобра слика, со подобар контраст и подлабоки бои, за што секако доказ се Galaxy S7 и S7 Edge, кои ги имаат најдобрите екрани од кој било смартфон.

Сепак, Super LCD технологијата има неколку свои адути во споредба со останатите LCD IPS дисплеи. Најголем е веројатно тоа што дисплејот е буквално залепен за стаклото, што овозможува помала рефлексија при сончеви услови, подобар контраст и чувство дека сликата буквално плови на стаклото.

Дисплејот во HTC 10 инаку ќе има големина од 5,15 инчи и Quad HD резолуција од 2560х1440 пиксели, која треба да овозможи висока густина на пикселите и голема острина.

Покрај информацијата за дисплејот, Evan Blass потврди и дека батеријата ќе има капацитет од 3.000 mAh, што би требало да е доволно за целодневно користење, а со оглед на оптимизациите во Android Marshmallow и “Dose” функцијата.

Останатите спецификации веќе ги објавивме – Snapdragon 820 процесор, помогнат од 4 GB рам и 32 GB простор, со можност за проширување преку micro SD картичка. Задната камера ќе има 12 „ултрапиксели“, додека предната ќе има 5 „ултрапиксели“ и HTC е сигурен дека и двете ќе бидат најдобри во високата класа.

HTC 10 ќе биде целосно изработен од алуминиум, како и неговите претходници, но со делумно изменет дизајн, без предните стерео “Boom Sound” звучници, што наиде на негативни коментари кај многу постоечки корисници.

Извор: TechnoBuffalo, GSMArena, Android Authority

Претходна статијаНовиот iPad Pro со 9,7 инчен дисплеј ги има сите новитети од поголемиот модел со подобрен дисплеј и камера
Следна статијаРодовиот баланс во ИТ секторот – докажан фактор за деловен успех