huawei-honor-7- (1)

Кинеските производители се почесто и почесто претставуваат нови телефони и се особено конкурентни во највисоките класи, каде нудат модели со врвни спецификации и многу ниска цена. Huawei штотуку го претстави Honor 7, телефон со карактеристики на највисоката класа, но со цена од средната.

Со големината на екранот од 5,2 инчи, Honor 7 се сместува директно во средината меѓу конкурентите од високата класа. Дисплејот има резолуција од 1920х1080 пиксели, што е помалку од Galaxy S6 и LG G4 на пример, но корисникот скоро сигурно нема ни да ја забележи разликата.

huawei-honor-7- (3)

Во внатрешноста работи исто така кинески процесор и тоа Kirin 935, кој е производство на Huawei. Има осум јадра со Cortex A53 архитектура – четири од нив работат на 2.2 GHz, додека четири на 1.5 GHz. Чипот е помогнат од 3 GB рам меморија, како и 16 GB простор за складирање податоци, со можност за проширување со micro SD картичка.

Голем адут на Honor 7 се камерите. Имено, предната има 20 мегапиксели и леќа со f2.0 бленда и сафирна заштита од гребење, како и Phase Detection автофокус, кој е ист како кај професионалните фото апарати и треба да овозможи исклучително брзо фокусирање на сликата од само неколку десетинки. Предната камера исто така не е за потценување, со 8 мегапиксели.

huawei-honor-7- (4)

Однадвор, телефонот е облечен во целосно метално тело, кое потсетува на дизајнот на HTC One серијата, што секако не е лоша работа. Вграден е и читач за отпечатоци на прстите во задниот дел, скоро како и кај секој модел од класата денес.

Батеријата има капацитет од 3100 mAh, што е сигурно доволно за дводневно користење. Веројатно веќе и не треба да спомнуваме, Huawei Honor 7 ќе има модифицирана верзија на Android 5.0 Lollipop.

Honor 7 ќе се нуди во неколку различни варијанти, со 16 GB меморија и можност за една сим картичка со 4G брзина, како и модел со 64 GB меморија и можност за две картички со 4G брзина. Основниот модел ќе чини 320 долари, што е исклучително ниско, особено со оглед на изработката и перформансите.

Извор: Android Central, GSMArena

Претходна статијаНаучниците работат на авионско крило кое самото се поправа
Следна статијаСпоред астрономите веројатно постојат други универзуми кои се попогодни за жив свет