honor7i

Иако има многу модели што имаат предни камери со истиот сензор како задните, односно, не губите на квалитет ако се сликате селфи, повеќето се и натаму со прилично мала резолуција. Huawei има решение за ова, а тоа е вртлива задна камера, која може да се користи и како предна.

Покрај вртливата камера, која е единствена меѓу конкурентите, Honor 7i доаѓа и со скенер за отпечатоци на прстите, поставен отстрана, лево на телефонот. Идејата е веројатно кога ќе го фатите телефонот со десната рака, показалецот природно да ви „падне“ на скенерот, што е добра идеја, но останува да видиме како ова ќе функционира при користење.

800_800_1439433791136.0

Екранот на Honor 7i има големина од 5,2 инчи и Full HD резолуција, додека телото е со модерен дизајн и е тенко со 7,8 милиметри дебелина. Во внатрешноста е вграден новиот Snapdragon 616 процесор со осум јадра, а како помош ќе бидат достапни 2 GB рам кај моделот со 16 GB, односно 3 GB кај моделот со 32 GB простор за складирање податоци. Оние кои имаат потреба од повеќе можат да стават и micro SD картичка.

Камерата има 13 мегапиксели, но уште поважно, брза бленда од f2.0, за сликање поквалитетни фотографии навечер. Вграден е и двоен блиц, со LED диоди со различни светлина, а со цел природни бои кога ќе сликате со нив. Како што веќе спомнавме, батеријата може да се заврти за селфи фотографии. Батеријата има 3100 mAh, што е веројатно и повеќе од доволно за телефон со Full HD дисплеј.

honor7i_cn_id04.0

Huawei Honor 7i е веќе достапен во Кина, по цена од 250 долари за почетниот модел.

Извор: Android Central, The Verge

Претходна статијаAudi ќе лансира електричен SUV концепт, конкурент на Tesla
Следна статијаWindows 95 и Старт менито беа претставени пред точно 20 години