Mate 9 е најновиот натпреварувач од високата класа на таблет-телефони на Huawei, кој има извонредни спецификации и прилично компетитивна цена. Сепак, неговата “Porsche” изведба со заоблен дисплеј на страните ги зема сите насловни страни, иако има претерано висока цена од 1.395 евра.
За среќа на купувачите низ светот, Huawei го лансира телефонот со “Porsche Design”, но без да пишува Porsche на него. Благодарение на тоа, цената во Кина падна на 685 долари за моделот со 4 GB рам и 64 GB простор, односно 773 долари за моделот со 6 GB рам и 128 GB простор. Единствената разлика која ќе постои меѓу двата модели е тоа што “Porsche Design” ќе има 256 GB простор.
Се друго е подеднакво исто – AMOLED дисплејот има големина од 5,5 инчи и Quad HD резолуција и е заоблен на страните, исто како и Galaxy S7 Edge моделот на Samsung. Процесорот е Kirin 960, најмоќниот во арсеналот на Huawei, додека камерата е двојна со еден сензор во боја со 12 и еден црно бел сензор со 20 мегапиксели. Батеријата пак има мошне солидни 4.000 mAh.
Она што се уште не е целосно јасно е дали Mate 9 Pro воопшто ќе биде пуштен во продажба надвор од Кина. Во моментов, купувачите во Европа ќе можат да го купат само прескапиот Porsche Design Mate 9 моделот доколку сакаат “Edge” дисплеј во еден Huawei.
Извор: Android Central, GSM Arena, NDTV