Yota_Phone_2_2

Првиот телефон со дополнителен e-ink дисплеј, YotaPhone, е производ на имагинацијата на неколку руски ентузијасти и истиот беше прилично добро прифатен кај корисниците и рецензентите, а отсега ќе добие и финансиска инјекција, со која ќе може да биде подобро презентиран и достапен на многу повеќе пазари.

YotaPhone досега беше спонзориран пред се од “Crowdfunding” кампањи и беше произведуван во многу мали серии. Причината за тоа е што компанијата буквално немаше можности и финансии да произведе повеќе телефони.

Конечно, руската Yota Devices најде долгорочен партнер во компанијата REX Global Entertainment од Хонг Конг, која откупи 64,9% од компанијата за 100 милиони долари.

REX Global Entertainment има планови за многу поголема промоција на уредите на Yota на пазарот, а особено на кинескиот пазар, од каде се очекува најдобар прием на нивните телефони.

Интересно, компанијата од Хонг Конг досега нема искуство со производство на телефони и се занимава со производство на јахти, казина, недвижности и дури и уреди за радијација на Гама зраци (најмоќните радиоактивни зраци од спектарот на светлина).

Yota Phone 2, вториот модел на компанијата, инаку помина со одлични рецензии низ светот, а пред се поради e-ink дисплејот во задниот дел, кој може да стои константно вклучен без да троши батерија, прикажувајќи релевантни информации како времето, нотификации итн. Корисникот може и целосно да работи на тој дисплеј, доколку нема доволно батерија на телефонот, но секако ќе треба да се задоволи за помала резолуција и недостаток на бои.

Извор: Engadget, TechCrunch

Претходна статијаСтартап Викенд Академија: Од идеја до успешен бизнис
Следна статијаFacebook на мобилните ќе прикажува повеќе информации во делот за нотификации