LG денеска најави два нови модели од L серијата кои што ќе ги претстави на IFA 2014 настанот кој што ќе се одржи во Берлин од 5-ти до 10-ти Септември. Телефоните се наречени L Fino и L Bello и се наменети за корисниците кои што првпат се решаваат да користат паметен телефон, како и за помладите корисници. Со овие модели, LG ќе се обиде да пренесе некои од карактеристичните функции на нивните најдобри модели, со ниска цена достапна за луѓето од пазарите во развој или едноставно за тие кои што не сакаат да трошат многу пари за ваков производ. Цената по која што ќе се продаваат не е уште објавена, па тоа сигурно ќе биде оставено за IFA настанот кога официјално ќе бидат преставени.
Двата модели доаѓаат со 3G поддршка, нешто што од LG го ставаат во преден план како карактеристика, а очекувано немаат можност за поврзување на 4G мрежите. Двата модели се слични по своите карактеристики, а се разликуваат по неколку, како што е големината на екранот и батеријата. Во продолжение можете да ги погледнете карактеристиките на двата модели.
LG L Fino
- 1.2GHz Quad-Core процесор
- 4.5 инчен WVGA IPS екран со резолуција од 800 x 480 пиксели и нивна густина од 207ppi
- 1GB RAM меморија и 4GB внатрешна меморија
- 8MP задна камера и VGA предна
- 1.900 mAh батерија
- Android 4.4.2 KitKat
- Димензии 127.5 x 67.9 x 11.9 mm
- HSPA+ 21Mbps (3G)
- Бои: Бела, црна, златна, црвена, зелена
LG L Bello
- 1.3GHz Quad-Core процесор
- 5 инчен FWVGA IPS екран со резолуција од 854 x 480 пиксели и нивна густина од 196 ppi
- 1GB RAM меморија и 8GB внатрешна меморија
- 8MP задна камера и 1MP предна
- 2.540 mAh батерија
- Android 4.4.2 KitKat
- Димензии 139.2 x 70.6 x 10.7 mm
- HSPA+ 21Mbps (3G)
- Бои:Бела, црна, златна
Што се однесува до функциите достапни од поскаппите модели и двата L модели ќе ги вклучуваат Touch & Shoot, Gesture Shot, Front Camera Light, Knock Code и поддршка за QuickCircle футролата.
Извор: LG