Nokia-XL-Dual-SIM

Nokia претстави три мобилни телефони кои што работат на Android оперативниот систем, нешто што беше долго време предмет на шпекулации, но и неизвесност пореди купувањето на компанијата од страна на Microsoft. Трите телефони, наречени Nokia X, X+ и XL, се од ниската класа и не може да се пофалат со нешто посебно добри карактеристики. Работат на изменета верзија од оперативниот систем направена да наликува на Windows Phone, а исто така не е достапна Google Play продавницата за апликации.

Сега кога Nokia официјално е дел од Microsoft се поставува прашањето дали ќе се продолжи со претставување на вакви модели, односно дали ќе биде претставена нова генерација. Според објавата на страната на Nokia тоа дефинитивно станува можност и тоа на почетокот на идната недела. На страната на Nokia Conversations објавен е одбројувач кој што завршува на 24 Јуни, како и пораката Green with envy, односно Зелени од завист. Ако се земе во предвид дека боите користени на страната се истите кои што се користеа пред првото претставување на X серијата, може да се претпостави и очекува дека и овој пат тоа е случајот.

nokia-x-teaser

Од новата генерација која што можно е да го носи името X2, се очекуваат нешто подобри карактеристики, па така можно е тие да доаѓаат со поголем 4,3 инчен екран, 1 GB RAM меморија, како и 1.2GHz dual-core и 5 мегапикселна камера.

Каков е вашиот став за овие телефони кои што очигледно од Microsoft го подржуваат нивниот развој ? Дали сметате дека е можно индиректно да помогнат во популарноста на Windows Phone платформата, како што повеќето информации говорат дека тоа е и нивната цел ?

Извор: The Verge, ZDNet

Претходна статијаКако да додадете празници во календарот на Outlook 2013
Следна статијаArchos Smart Home: Систем кој овозможува следење и автоматизација на домот
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.