Samsung-Unpacked_Invitation_SNS

Samsung вчера почна да испраќа покани за настан кој што ќе го одржи на денот на почнување на Mobile World Congress што ќе се одржи во Барселона од 24 – 27 Февруари оваа година. Што точно ќе претстави на овој настан Samsung реши да го задржи за себе, па остана пак само на шпекулациите.

Поради бројката 5 која што стои во поканата, односно името Unpacked5 на настанот, повеќето од тие што ги следат овие настани веруваат дека тоа е доказ за претставување на очекуваниот Galaxy S5 мобилен телефон.

Денеска New York Times излезе со информација дека Galaxy S5 официјално ќе биде претставен на Unpacked настанот. Оваа информација ја имаат добиено од нивни извори запознаени со случувањата. Според изворите Samsung дефинитивно ќе го задржи името кое што досега го користи за своите главни модели, односно Galaxy името и најновата верзија S5. Друга информација која што ја кажуваат истите извори е дека шпекулациите за можните нови карактеристики на телефонот не се точни, односно S5-ката нема да има 2К екран, а исто така и Iris технологијата за препознавање на окото нема да биде вградена во овој модел.

На овој настан информациите пак покажуваат дека Samsung ќе претстави втора верзија од својот паметен часовник Gear. Настанот се очекува да биде многу поедноставен од минатогодишниот кога беше претставен S4 моделот.

Извор: New York Times

Претходна статијаRed Star Linux – оперативен систем кој се користи во Северна Кореа
Следна статијаApple вработи експерт за процесот на спиење?
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.