Како што сте запознаени, Firefox OS е алтернативен на познатите оперативен систем направен на база на Linux kernel-от. Исто така карактеристично за овој оперативен систем е тоа што тој во главно е направен во HTML5 стандардот, како и други отворени веб стандарди. Развиван од страна на Mozilla, наменет е да биде отворен и достапен за сите корисници, а посебно тие во земјите во развој кои што не можат да си дозволат поскапи телефони.
Мобилен телефон кој што работи на овој оперативен систем е достапен и за корисниците во Македонија. Се работи за моделот од Alcatel, OneTouch Fire C и може да се купи од T-Mobile. Како што би очекувале уредот е со прилично ниска цена, односно се продава за 6.450 денари без склучување на договор, а таа сума се намалува зависно од претплатата и договорот, а може да се земе и за 1 денар.
Alcatel One Touch Fire C доаѓа со 3,5 инчен TFT екран на допир со резолуција од 480 на 320 пиксели и нивна густина од 165 ppi. Работи на четири јадрен 1,2 GHz процесор и има RAM меморија од 512 MB. Внатрешната меморија за складирање е со капацитет од 4 GB и има можност за проширување до 32 GB преку microSD картица. Вклучува една задна VGA камера која што слика слики со резолуција од 640 x 480 пиксели и видеа со 480p квалитет со 30 fps. Батеријата е со капацитет од 1.300 mAh и според Alcatel тоа е доволно за околу 400 часа во мирување.
Се разбира карактеристиките со кои што доаѓа овој уред се од ниската класа, меѓутоа како и што нагласивме, целта на Mozilla е да тие се продаваат за што пониска цена. Доколку се’ уште не користите паметен телефон, ова може да е добар модел како ваш прв избор пред да купите некој поскап модел.
Слика: GSMArena