Поголемите компании веќе имаат неколку модели од паметни часовници кои што почнаа да бидат претставувани на пазарот од минатата година. Нивната популарност е очекувано да се зголемува, а со тоа и повеќе производители да почнат со нивно претставување. Вчера можевме да го видиме краткото видео преку кое што LG го најави својот нов паметен часовник кој што ќе биде со кружен дизајн, нешто што се покажа како популарно кај Motorola.
Идната недела започнува IFA 2014 настанот кој што ќе се одржува во Берлин и од досегашните најави може да се види дека ќе бидат претставени доста нови и интересни производи. Во најавите за претставување на производ се приклучија и од Asus, најавувајќи го претставувањето на паметен часовник, прв за оваа компанија. Од компанијата веќе неколку пати објавуваат слики од кои што може да се види дека ќе претстават паметен часовник, меѓутоа тие сепак не откриваат ништо повеќе, па оставаат часовникот да го видиме на настанот. Сепак, од сликите може да се види формата, односно дизајнот на часовникот, кој што изгледа дека ќе доаѓа со заоблен екран и заоблени ќошеви. Овој дизајн би требало исто така да привлече внимание како и кружните, поради тоа што и двата дизајни се карактеристични за класичните часовници, нешто што очигледно е најинтересно за корисниците.
Паметниот часовник од Asus се очекува да работи на Android Wear и да вклучува прилично интересна цена, посебно во споредба со конкурентите кои што работат на истиот оперативен систем. Според неколку неофицијални извори, цената на часовникот можно е да биде од 100 до 150 долари, што сигурно ќе го привлече вниманието на корисниците.
Извор: Ubergizmo, 9to5Google