04_ET-TG900U_600

Сигурно често ви се случува да ви се испразни батеријата на вашиот мобилен телефон баш додека го полните вашиот таблет компјутер. Без разлика за кој уред се работи, веќе станува нормална работа да имаме повеќе од еден уред, а тие да треба да се полнат во исто време. Не е дека нема решение за ваква ситуација, секој уред доаѓа со свој полнач, па можете сите нив да ги вклучите на еден продолжен кабел. Меѓутоа ако сте слични како нас, продолжениот кабел ви е полн со други електронски уреди, па не можете, а и не сакате да имате повеќе од еден кабел за мобилните уреди. Се разбира, достапни се разни кабли и USB Hub-ови, меѓутоа од Samsung сакаат на своите корисници да им понудат сопствено решение.

Со цел да го реши проблем на полнење на повеќе уреди во исто време, од компанијата претставија кабел кој што може да полни до три уреди во исто време. Се работи за кабел кој што од едната страна е стандарден USB конектор, а од другата страна има три micro USB конектори. Сепак кога ќе вклучите два или три уреди преку кабелот, енергија се распределува, па полнењето на уредите ќе биде побавно од полнењето на само еден уред.

Цената по која што се продава овој кабел е 40 долари, па се поставува прашањето колку корисниците би сакале да купат ваков производ баш од Samsung. Како и да е, идејата е добра и ваквите кабли иако едноставни, се наоѓаат во доста ситуации.

Извор: Ubergizmo, Samsung

Претходна статијаGilmo ги чува вашите лозинки без пристап до било каква мрежа
Следна статијаФрагментираноста на Android системот и уредите е поголема од било кога
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.