ubuntu_one_logo

Доколку можеби не сте запознаени Ubuntu One е cloud сервис од Canonical, луѓето кои што ја развиваат познатата Linux дистрибуција Ubuntu. Ubuntu One е составен од два сервиси, едниот како класичен сервис за складирање на податоци во „облакот“, додека другиот е сервис за купување на музика со можност за зачувување во облакот и слушање од било кој уред. Ubuntu One е достапен со свои апликации покрај на Linux, исто така на Windows, Mac, iOS и Android. Ова е сервис кој што е конкуренција на Dropbox, OneDrive, Google Drive и слични.

Од Canonical вчера изјавија дека овој сервис престанува со работа, односно веќе нема да го развиваат и истиот нема да биде вклучен во новата верзија на Ubuntu, 14.04. Корисниците од вчера веќе нема да можат да купат дополнителен простор, како и музика. На постојните корисниците кои што плаќаат за сервисот ќе им бидат вратени парите за месеците кои што ги немаат искористено, сметајќи ги месеците почнувајќи од Април. Сервисот целосно ќе биде прекинат од 1-ви Јуни, а корисниците ќе имаат можност да ги симнат своите податоци најкасно до 31 Јули 2014, дата после која што тие ќе бидат избришани од серверите. Кодот од Ubuntu One, кој што е отворен (open source), ќе биде достапен и понатаму за секој што би сакал да може да креира сопствено cloud решение на негова основа.

Ние и понатаму веруваме во Ubuntu One сервисот за податоци, квалитетот на неговиот код и корисничкото искуство, па затоа ќе го издадеме кодот во форма на софтвер со отворен код. за да им дадеме на другите можност да го развијат и да креираат платформа за синхронизација на фајлови.

Како причина за оваа одлука се наведува големата конкуренција од другите компании кои што даваат се поголем простор бесплатно, кој што се движи и до 50 GB. Целта на Canonical, како што изјавуваат, е да овозможи конкурентен производ, нешто што веќе не можат да го направат со нивото на инвестирање кои што се спремни да го овозможат.

Извор: Canonical Blog

Претходна статијаMyMentor – Прво македонско училиште во „облаци“
Следна статијаДемо од новиот Windows Phone 8.1 со сите негови нови функции
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.