На страна политиката (на Smartportal не се бавиме со дневна политика), во продолжение ќе продискутираме за три важни животни лекции од бившиот премиер, Н. Груевски (без да навлегуваме како истите да беа практикувани).

  1. Надевај се на најдоброто сценарио – но биди спремен за најлошото

Во многу наврати, видовме дека ДПМНЕ под раководството на Груевски имаа план Б (и план В … Г … Д …) за повеќето сценарија.

Иако секогаш се надеваа дека ќе останат на власт и ќе ја држат политичката игра под своја контрола, секогаш имаа план Б што доколку загубат. Не да го мислат резервниот план по поразот – планот беше осмислен уште претходно. Истото се случуваше низ цел мандат – беа секогаш про Нато, про САД, но се коваа пријателства со Русија, Кина, Орбан, Ердоган, итд. За секој случај.

Додека губеа веќе ги најавуваа своите пораки и платформи кои се реализираа(т) додека се во опозиција денес.

Патем, на крај, бившиот премиер се бореше додека не беше осуден на затворска казна – по што побегна во Будимпешта. План Б.

Едноставно, бори се и надевај се на најдоброто сценарио но имај резервен план за најлошото.

2. Се бориш до последен здив

Од контроверзните снимки стана очигледно дека човекот за власта се бореле секои избори и постојано – сите потези (без да навлегуваме во нивната морална исправност или законитост – за тоа си има институции и избори) биле поврзани со задржување и зацврствување на власта. Што впрочем е примарна цел на секоја политичка партија и нема тука ништо спорно. Се водело борба за секој глас, дури и кога имаа апсолутна моќ.

Во животот ќе се сретнеме со огромен број предизвици. Нема бегање. Голем број работи не ни зависат директно од нас – се склоп на околности и лоша судбина. Но, ако нешто воопшто можеме да научиме од бившиот премиер, тоа е дека не е готово додека не запее дебелата, односно се бориш додека си жив.

3. Нема откажување

„Никогаш, никогаш, не се откажувај“. Ова е позната изјава на Винстон Черчил во периодот кога Велика Британија се соочувала со нацистите.

Не сум дел од политика ниту од партии и не знам кои се плановите на бившиот премиер, но имам чувство дека за него борбата не е завршена (барем во негови очи).

Едноставно, нема откажување. Се бориш додека дишеш, барем за она што (ти) вреди. Сепак, вредноста е субјективна.

Претходна статијаЕдукативна апликација за деца 5+ на македонски јазик
Следна статијаMotorola во 2018 година – историски успех и многу причини за славење
Едвард Кардељ Џр.
Крипто-ентузијаст и љубител на СФ и хорор стрипови.