Twitch е познат сервис, повеќе кај гејмерите отколку кај другите корисници, кој што овозможува стриминг во живо на играњето на игрите, но може да се користи и за стриминг на други работи. Овој сервис е можеби најпознат од сличните вакви, па се користи за неговата намена повеќе и од YouTube. Затоа не е чудно што до пред некое време се мислеше дека Google ќе ја купи компанијата, што сигурно за тоа биле во преговори.
Сепак, од компанијата решаваат да склучат договор со Amazon, за што директорите на двете компании официјално ја имаат потврдено информацијата. Договорот за купување е направен на вредност од 970 милиони долари кои што според информациите треба да бидат исплатени целосно во готово. Сепак поради големината на зделката, а и можното влијание на пазарот, таа треба да биде одобрена од регулаторните власти во САД.
Како што истакнува директорот на Twitch, Emmett Shear, компанијата ќе продолжи да работи како и досега, односно ќе ги задржи канцелариите, вработените, брендот, но со поддршката од компанија како што е Amazon, тие ќе можат да го подобрат својот сервис и да им понудат на корисниците дополнителни услуги.