sunrise-android

По излегувањето на неофицијалните информации минатата недела, денеска Microsoft го потврдува купувањето на уште една стартап компанија која што развива популарна апликација на конкурентните платформи. Се работи за компанијата Sunrise Atelier Inc во чија сопственост е можеби најпознатата календар апликација на Android и iOS, Sunrise Calendar.

Информацијата за направениот договор за купување Microsoft ја претстави преку нивниот YouTube канал во видео каде што разговараат директорите на Sunrise и Acompli, компанија која што исто така беше купена од страна на Microsoft. Acompli беше една од најпознатите email апликации, исто така на Android и iOS, а сега истата е ребрендирана во Outlook за истите платформи.

Со овие две зделки Microsoft покажува дека е сериозен играч на пазарот на таканаречените апликации за продуктивност. Технологијата од Sunrise се очекува да биде интегрирана во веќе постоечкиот календар во Outlook (Acompli), меѓутоа сепак повеќе информации околу ова се’ уште не се дадени.

Инаку, Sunrise апликацијата покрај тоа што вклучува едноставен и добар кориснички интерфејс, овозможува поврзување на поголем број на календари, вклучувајќи ги Google, Microsoft Exchange, Foursquare, Evernote и други.

Доколку сте заинтересирани да ја пробате апликацијата, истата е достапна за корисниците на Android, iOS, OS X, како и преку официјалната веб страна.

Извор: The Verge

Претходна статијаСпоред нов математички модел Големата експлозија никогаш не се случила
Следна статијаПаметните часовници забранети во некои британски универзитети
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.