teaser3

Во организација на првиот Технолошки Парк во Македонија, на SEEUTechPark, од денеска започнува нов проект којшто има за цел да ги приближи и помогне младите претприемачи во државата.

Наречен СтартАп маратон, проектот подразбира цела програма која вклучува обуки за совладување на нови бизнис вештини за младите претприемачи и студенти. Обуките ќе бидат организирани во шест петчасовни попладневни тренинзи, во период од максимум два месеци и ќе бидат организирани секои неколку дена, почнувајќи начелно од 15 до 20 часот.

Тренинзите се практични и се базираат на размена на искуства, знаења и идеи, помеѓу учесниците и гостите говорници (успешни претприемачи и менаџери) по пат на отворени дискусии, учејќи преку успехот или грешките на другите.

На овие обуки ќе се обработуваат повеќе теми кои треба да им помогнат на младите претприемачи да го развијат својот бизнис. Темите кои ќе бидат дел од маратонот се следните:

  • Тим билдинг и претприемничко лидерство – Да се запознаете со останатите учесници во програмата, да научите да бидете подобри лидери и да си ги одговорите клучните прашања на кои секој претприемач треба да има одговор.
  • Бизнис планирање и буџетирање – Да ги користите бизнис планот и буџетот како корисни менаџерски алатки.
  • Финансии за претприемачи – Подобро разбирање и подобра употреба на финансиите, подобрување на финансиските операции во фирмата и зголемување на нејзината вредност.
  • Финансирање на развојот на Вашата компанија – Да се запознаете со различните извори на финансирање и обезбедување на капитал за раст и развој.
  • Ефективна и повторлива продажба и извоз – Да ги подобрите продажните техники, да научите како да ја повторувате продажбата кај постоечките клиенти и да се запознаете со различни извозни стратегии.
  • Ефективен маркетинг пристап – Подобро да го научите пазарот, како да го користите маркетингот ефикасно, да ги запознаете луѓето со вашиот производ и да ги мотивирате да го купат.

Секој млад претприемач вклучен во програмата ќе има можност да се сретне со бизнис професионалец. Професионалците и учесниците се одбираат врз основa на нивните деловни предизвици и полиња на интерес. На крајот на процесот секој учесник ќе добие сертификат за успешно завршување на програмата.

СтартАп маратонот започнува од денес, односно 1-ви март, а ќе трае до 15-ти април. Одржувањето на обуките ќе биде неделно во период од 2-3 дена по 3,5 часа дневно во Салата на конференција на BDC во ректоратот на кампусот на Универзитетот на Југоисточна Европа.

SEEUTechPark е Технолошки Парк при Универзитетот на Југоисточна Европа кој се наоѓа во Тетово. Отворен е во мај 2013 година и има за цел да го стимулира отворањето на нови стартап компании, како и растот на постојните мали и средни претпријатија.

Извор и повеќе информации: SEEUTechPark

Претходна статијаMicrosoft ги откри целосните спецификации за HoloLens ќе чини 3.000 долари
Следна статијаНовиот iPad нема веќе да се вика “Air” туку ќе носи наставка “Pro”