shutterstock_103232135 (1)

Вест која може да ве раздрма, па затоа седнете на столче. Научниците можеби пронајдоа доказ за вонземски интелигентен живот во вселената и тоа само 1.400 светлосни години од нас.

Веројатно тоа што го пронајдоа не е резултат на активностите на вонземски живот, но постојат мали шанси да е. Зошто? Се работи за ѕвездата KIC 8462852. Вака деталното име не дава многу добар опис за што се работи. Сепак, KIC 8462852 четири години била предмет на интерес на вселенската обзерваторија Кеплер. Иако скоро инвалидизиран, Кеплер можел непречено да се фокусира на оваа ѕвезда за да провери дали во нејзиниот систем има планети.

Начинот на кој го постигнува ова е со набљудување на светлината која доаѓа од ѕвездата. Ако таа повремено бива прекината тоа најверојатно значи дека голем ладен објект поминува меѓу ѕвездата и Кеплер, а од прекинот можат да се извлечат многу информации како големина на планетата, брзина на ротација, груб состав и други.

Во овој случај околу KIC 8462852 Кеплер открил нешто сосема чудно кое ротира околу ѕвездата. Имено, тоа немало правилна структура, цело време ја менувала, па дури се менувал и интервалот на ротација. Авторката на студијата, Табета Бојаиџан, експлицитно наведе дека мисли дека се работи за сложен систем на комети кои поминуват пред ѕвездата и прават вакви пореметувања на светлината.

Сепак, не сите се убедени во тоа, особено не тие кои работат на проекти како SETI (Search for Extra-Terrestrial Intelligence). Некои од нив мислат дека оваа суперструктура можеби е Дајсонова сфера или друг резултат на активноста на вонземска цивилизација не толку оддалечена од нас (во космолошка перспектива). Сепак, мора да се согласиме дека шансите за тоа се навистина мали, веројатно под 5%.

Како и да е, интересен наод кој може да остане предмет на дискусија во следните години. Нас ни останува само да сонуваме и надеваме дека има и некој друг таму некаде.

Извор: CNet, RT, TechnoBuffalo, IFLScience

Претходна статијаLenovo Yoga 9000 е моќен лаптоп/таблет со екран кој се врти 360 степени
Следна статијаFacebook работи на алгоритам за слики кој ќе им помогне на лицата со оштетен вид