Brave се приклучува на трендот и ја најави достапноста на „AI browsing“ функцијата, односно можноста агенти со вештачка интелигенција да „сурфаат“ во името на корисникот на различни веб страни.
За почеток оваа новина е достапна само во „nightly“ верзијата од Brave, а дури и во оваа тест верзија истата не е автоматски вклучена, па корисниците треба прво да ја активираат преку „flags“ делот од апликацијата.
Како и кај останатите, AI browsing во основа овозможува прелистувачот да ја преземе активноста на отворање на различни веб страни и да преземе активности во име на корисникот. Кратко кажано, прелистувачот може да резервира одредено патување, па се до сместувањето врз основа на насоките од корисникот, на пример.
Тука веќе станува јасно дека постојат одредени ризици при користењето на ВИ агентите, а и самите Brave објавија две статии преку кои ги откриваат слабостите кај ваквите прелистувачи.
Може да се каже дека секако дека и тие сега претставуваат ваква функција кај нивниот прелистувач, а исто така секако дека огромно внимание посветуваат на истакнување на мерките кои ги преземаат за да ги заштитат корисниците од можните слабости и закани.
Од Brave истакнуваат дека и покрај вниманието кон заштита на корисниците, сепак одредени слабости остануваат проблем, но мора да се признае дека сепак од компанијата имаат вложено труд да ги намалат ризиците.
Една од мерките кои се користат е изолирање на просторот со податоци кои го користи AI browsing функцијата, како и користење на втор јазичен модел кој ја проверува работата на главниот.
Останува заклучокот дека вештачката интелигенција го зголемува ризикот кој е веќе присутен онлајн, па добро е што од Brave развојот го прават постепено.










































