Фото: Shutterstock.com

Apple ќе има целосно различен пристап кон генеративната вештачка интелигенција во споредба со конкурентите, а посебно Microsoft кои ги наметнаа новите функции секаде каде што може.

Според Марк Гурман, преку неговиот неделен билтен, Apple развива големи јазични модели, кои се „позадината“ кај генеративната вештачка интелигенција, кои ќе функционираат директно од уредот, наместо преку серверите од компанијата.

Иако ова ќе значи дека тие нема да можат да ги понудат баш сите функции кои се достапни, сепак ќе функционираат многу побрзо, а ќе ја овозможат и потребната приватност која е карактеристична за Apple.

Гурман додава дека од компанијата ќе имаат поразличен маркетинг пристап кон овие нови функции, кои веќе година и нешто се дел од производите на конкурентите. Наместо форсирање на „четботовите“ и другите алатки со генеративна вештачка интелигенција, Apple планираат да ги промовираат начините на кои оваа нова технологија може да им помогне на корисниците во нивното секојдневие.

На крајот, за одредени функции, повторно не се исклучува можноста Apple да избере партнер, како Google и нивниот Gemini, за потребите кои не се директно вградени во системот и бараат интернет пристап.

Официјално и конечно за плановите на Apple ќе дознаеме на 10 јуни, кога започнува WWDC 2024 конференцијата, на која ќе бидат презентирани и новите верзии од оперативните системи од компанијата.

ИЗВОРBloomberg
Претходна статијаКултниот знак „СКОПСКО“ на Ристиќева добива нов лик
Следна статијаGoogle Chat корисниците сега можат да разговараат со тие од Microsoft Teams и Slack
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.