Познатиот сервис за проверка на текстовите за печатни грешки, граматика, како и начин на изразување и слично, го презема наредниот чекор кој слободно може да се каже е очекуван во овој период на популарност на вештачката интелигенција и јазичните модели.
GrammarlyGo е новата функцијата која станува дел од Grammarly апликацијата, а истата е направена на основа на генеративната вештачка интелигенција. Ова значи дека способноста за исправка на текстовите од страна на Grammarly ќе стане доста поголема и ќе нуди повеќе од досега.
Како што истакнуваат од компанијата, GrammarlyGo ќе може да се користи за проверка на веќе напишаните текстови и нивна промена, но и за пишување на текстови од почеток, што е и главната новина со користењето на вештачката интелигенција. Корисниците се што треба е да дадат неколку насоки, по што Grammarly ќе напише цел текст.

Тоа по што GrammarlyGo треба да се разликува од останатите вакви сервиси е можноста да се прилагоди на стилот и брендот на компанијата, а покрај тоа достапни се и неколку можности за избор на стилот на изразување, професионалноста и слично.
За почеток GrammarlyGo ќе им биде достапен на корисниците на верзиите од сервисот кои се плаќаат, а бесплатната верзија во ограничен број на земји, од кои не и во нашата.