OpenAI формира нова комисија во компанијата која ќе треба да се грижи за безбедниот развој на вештачката интелигенција, нешто што е доста важно и обично на страна на популарноста на оваа технологија.
Новата Комисија за безбедност ќе треба да ги оцени и дополнително развие процесите и заштитните мерки во компанијата и да даде извештај за тоа во следните 90 дена.
Тоа што сепак привлекува негативно внимание кај оваа нова комисија е нејзиниот состав. Тројца членови во оваа комисија се и членови во одборот на директори, а еден од нив е и директорот Сем Алтман.
Директорот на компанијата стана повеќе популарен кога минатата година беше отпуштен од одборот на директори, па за кратко време беше вратен, а одборот целосно сменет.
Кратко кажано, постои сомневање за начинот на функционирање на Алтман, како и неговата цел, а веќе е обвинет од некои од поранешните вработени за ставање акцент на новите производи, без внимавање за безбедноста.
Големата важноста која ја имаат ваквите комисии и делови во компаниите кои работат со вештачката интелигенција во главно се вртат околу ризикот кој според некои постои доколку се развие генерална вештачка интелигенција. Овој вид на ВИ, кон која се стремат активно од OpenAI, може да учи и самата да се надоградува, па се верува дека не може да се знае во кој правец можат да отидат работите во тој случај.
На ова треба да се додадат и поедноставните ризици од можноста злоупотреба на вештачката интелигенција, манипулациите со информации и слично.