Фото: Shutterstock.com

Поради која и да е причината, Google како да се најдоа затекнати од наглото популаризирање на ботовите за разговор направени на основа на генеративната вештачка интелигенција и јазичните модели. Нивниот Bard беше пуштен во ограничена тест форма дури при крајот на минатиот месец, но коментарите се дека „тој“ наводно не е способен како двата најголеми конкуренти, ChatGPT и Bing Chat.

Директорот на Microsoft се приклучи кон коментарите и изјави дека Bard доста заостанува зад Bing, но ги пофали Google дека со компјутерската позадина која ја користат и ботот функционира одлично.

Ова до некаде може да се каже дека е вистина и е потврдено од страна на Сундар Пичаи, директорот на Google и Alphabet. Тој во интервју за подкастот Hard Fork од The New York Times, истакнува дека Bard ќе биде надграден со поспособен јазичен модел.

Конкретно, наместо досегашниот LaMDA, Bard ќе го користи PaLM и со тоа тој треба да биде многу повеќе способен во разбирањето и истражувањето на одговорите кои ги дава на корисниците.

Можеби Google е во толку голема предност што не може да се замисли загрозување на оваа позиција, нешто што изгледа има придонесено да бидат затекнати на пазарот сега, но сепак доколку не преземат нешто наскоро, на долгорочен план можно е губење на позицијата.

Пичаи го даде своето мислење и за загриженоста на одредени луѓе за што може да се случи доколку се продолжи со брзиот развој на вештачката интелигенција. Грижите се од губење на одредени работни места, до објава на неточни информации, па се до преземање на општеството доколку во годините што следат се постигне „вештачка генерална интелигенција“.

Елон Маск, Стив Вознијак и група истражувачи потпишаа и писмо во кое се бара паузирање на развојот на вештачката интелигенција додека не се најде начин овој сектор да биде регулиран, да се постават заштитни механизми и слично.

ИЗВОРThe Verge
ИЗВОР 2Engadget
Претходна статијаUnbox and Discover 2023: Создавање на „wow“ ефект со најновата линија на Samsung телевизори
Следна статијаПакомак ги објави добитниците на награди од конкурсот „Trash for Art“ 2023
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.