Од самото пуштање на јавната и понапредна верзија на ChatGPT при крајот на минатата година, јасно стана дека една од областите каде што ќе излезат проблеми поради ваквите алатки е образованието.
ChatGPT овозможува креирање на текст врз основа на неколку насоки од корисникот, што овозможува да преку оваа алатка може да се напишат цели есеи, како и трудови за факултетите.
Професорот Џеред Мам од Texas A&M Универзитетот, на група од ученици кои веќе дипломирале, им ставил негативни оценки на крајните трудови затоа што мислел дека тие се напишани од страна на ChatGPT.
Проблемот со ова е што тој напишаните текстови ги ставил на ChatGPT и го поставил прашањето дали тие се напишани од него, односно од вештачка интелигенција. Ова не е една од можностите на оваа алатка, а OpenAI има посебна алатка за вкави проверики, иако според некои, истата не е баш добра и се препорачуваат други, како Winston AI или Content at Scale.
Учениците се обиделе да докажат дека не ја користеле ChatGPT алатката, но професорот сепак не сакал да слуша, па интересно еден корисник на Reddit го има ставено докторатот на професорот на ChatGPT за кого исто така било одговорено дека е напишан од вештачка интелигенција.
Алатките како ChatGPT не треба да се користат за проверка на вакви работи, а тие исто така и не секогаш даваат точен одговор кога нешто се прашува. Тоа засега е дел од начинот на којшто функционира оваа технологија.
Од универзитетот одговориле дека никоја ја нема изгубено дипломата поради овој случај, иако на дел од учениците им биле повлечени додека може да се направи истрага.