Директорот на YouTube јавно ги повика OpenAI и истакна дека нивните модели не смеат да се тренираат на видеата од овој видео сервис. Доколку тоа се случува, истото претставува директно прекршување на правилата за користење на YouTube.
Вештачката интелигенција, која изминатите скоро две години стана доста повеќе популарни со претставувањето на ChatGPT, односно генеративната вештачка интелигенција и новите големи јазични модели.
Јасно е дека овие модели се тренираат на одредена содржина за да можат што подобро да ги разбираат барањата на корисниците и да ги дадат потребните резултати.
Не е до крај познато што се користат овие модели за да се тренираат, а интересна беше изјавата на Мира Мурати од OpenAI дека тие не се баш сигурни дали нивниот модел Sora ги користи видеата од YouTube, како и објавите на Instagram и Facebook.
Може да се каже дека на веќе „лошиот“ углед кој го има интернетот за приватноста на корисниците, со ова станува уште „полош“.
Од Google истакнуваат дека тие не ги користат видеата од YouTube за тренирање на нивниот Gemini, со исклучок на тие за кои имаат добиено дозвола.