После последната „исправка“ која ја врати функционалноста на Beeper Mini, повторно корисниците почнаа да пријавуваат проблем со сервисот. Сега од компанијата најавија постабилно решение, но решение кое сепак ја намалува вредноста и поентата на апликацијата.

Beeper Mini сега може да функционира со iMessage, но за да можат тоа корисниците да го прават, мораат да поседуваат Mac компјутер со цел да им биде успешна регистрацијата на сервисот.

Ова целосно ја менува функционалноста на апликацијата која во својата прва верзија директно се поврзуваше на серверите од Apple регистрирајќи го телефонскиот број како да се користи на iPhone.

Ова беше постигнато со методата наречена „обратно инженерство“, нешто што очекувано Apple не дозволи да помине, без разлика на објаснувањата од Beeper и законската можност тоа да го направат.

Поради фактот дека не се очекува повеќето Android корисници да имаат Mac компјутер, од Beeper истакнуваат дека регистрацијата може да се направи и преку компјутер на пријател, на пример, без ризик од нарушување на приватноста.

Од ова се гледа дека Beeper апликациите веќе стануваат доволно комплицирани за да вреди нивното користење. Корисниците е подобро да почекаат до идната есен кога Messages апликацијата на iPhone ќе добие поддршка за RCS протоколот, со што Android корисниците ќе можат да комуницираат на модерен начин со своите iPhone корисници.

Секако, тука се другите апликации како WhatsApp, Signal, Telegram, меѓу другите, па корисниците не мора да ги користат SMS апликациите, иако во САД Messages од Apple е доста популарна, од каде сите овие случувања.

Единствено што останува како „недостаток“ со имплантацијата на RCS во Messages, е шифрирањето на разговорите кое не е дел од протоколот. Google имплементира сопствена технологија во својата апликација, па сега се очекува дека Apple ќе работи со GSM Association да официјалниот протокол ја добие оваа функција.

ИЗВОРMacRumors
Претходна статија„Макпетрол“ донира новогодишни подароци за дечињата од куќата „Верна“ во СОС Детско Село
Следна статијаДигитализацијата, трговијата и ЕСГ во фокусот на првиот The Economist MeetUP
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.