По враќањето на функционалноста на Beeper Mini апликацијата преку потребата корисникот да има Mac компјутер за да се регистрира на iMessages сервисот, од компанијата се обидоа тоа да биде овозможено и преку постар iPhone кој може да биде пробиен, односно со популарно наречениот процес „jailbreak“.

Од компанијата продолжуваат да сметаат дека го имаат моралното право да без дозвола на Apple се поврзат на нивниот сервис се во името на подобрата приватност.

„Beeper Mini е прекрасен, брз и забавен. Нашата главна цел со апликацијата е да ги надградиме разговорите помеѓу корисниците на iPhone и Android од нешифрирани SMS со зелени меурчиња во шифрирани, целосно опремени разговори со сини меурчиња. Ова е огромна победа и за корисниците на iPhone и Android во САД, каде што испраќањето пораки преку SMS е стандардна форма на разговор. Единствените луѓе на „другата“ страна на оваа дебата се чини дека се Apple и некои жестоки онлајн поддржувачи.“ – истакнуваат од компанијата.

Тие продолжуваат да даваат аргументи на одговорот кој го имаше Apple по првото блокирање на Beeper, но упорно забораваат дека се работи за приватен сервис, а не нешто што е јавно добро.

Како и да е, од Beeper сметаат дека не можат да продолжат да го прават ова со најголемата компанија во светот, па тие веќе нема да се обидуваат да ја профункционираат Beeper Mini со iMessage.

Beeper ќе продолжат да работат на, како што тие кажуваат, најдобрата апликација за разговори, а начинот на којшто функционира поврзаноста со iMessage е со отворен код и е објавена на Github за некој друг ако сака да продолжи со развивање на системот.

Идната година Messages апликација од Apple ќе добие поддршка за RCS протоколот, а во меѓувреме се очекува да биде додадено и шифрирање на разговорите, по што сите вакви апликации веќе нема да имаат поента.

ИЗВОРBeeper
Претходна статијаКонференција „ReThink: Decoding Misinformation“: Да ги преиспитаме штетните навики
Следна статијаTomTom во соработка со Microsoft ќе донесат вистински асистент во автомобилите
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.