Horizon Workrooms е најновиот производ од Facebook, поточно Oculus делот, наменет и инспириран од ситуацијата во која се наоѓа светот изминатите година и пол. Повеќето состаноци се одржуваат онлајн преку сервисите за видео конференции, а се повеќе вработени својата работа ја вршат од дома. Од тоа што го гледаме, ова ќе продолжи да биде случајот и во периодот што следи, а некои компании ќе им дозволат на вработените да продолжат да работат од дома и по завршувањето на пандемијата.

Во основа Workrooms е виртуелна средина до која се пристапува преку Oculus Quest 2 очилата за виртуелна реалност. Корисниците за себе си креираат „аватар“, односно како ќе изгледаат во виртуелната средина, а звукот кој го слушаат е прилагоден да звучи соодветно на виртуелната оддалеченост на учесниците.

Покрај самите учесници, во виртуелната средина се достапни и виртуелни простории, со маси и компјутери, а најважното од се е и достапноста на табла на која корисниците ќе соработуваат, со можност за споделување на екранот од компјутерот на корисниците, датотеките, слики и слично.

За да можат да ја реплицираат нивната работна околина, Horizon Workrooms ќе им овозможи на корисниците да ги постават своите тастатури и компјутери, сепак за тие кои се поддржани. Со прикажувањето на виртуелни раце, корисниците ќе можат да се чувствуваат како навистина да се гледаат себе, односно своите раце кога куцаат, пишуваат, покажуваат и слично.

За тие кои ја немаат потребната опрема, односно Oculus очилата, приклучувањето ќе биде возможно преку веб, а тие ќе бидат прикажани на екранот во форма на видео конференција за останатите корисници.

ИЗВОРFacebook/Oculus
Претходна статијаАлександра Андреева: Новите мерки за заштита од вирусот се неспроведливи
Следна статијаРусија се исклучи од глобалниот интернет за време на тестовите спроведени во јуни и јули
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.