Фото: Shutterstock.com

На почетокот од годината Grok на корисниците им стана достапен и надвор од X, како посебна апликација, но за почеток достапна само за корисниците во САД.

Сега апликацијата официјално им станува достапна на сите корисници, па истата може да се симне на двете мобилни платформи, а може да се користи и преку веб. Очекувано, апликацијата е бесплатна и може да се користи без најава, но корисниците кои ќе се најават имаат одредени предности. 

Главните предности доаѓаат за корисниците кои имаат претплата, а истата моментално е достапна преку X.

Корисниците кои плаќаат можат да го користат „четботот“ повеќе, додека останатите имаат ограничувања, а исто така тие добиваат и пристап до најновиот јазичен модел, Grok3, кој беше претставен оваа недела. 

Grok може да се симне преку Play Store и App Store или да се користи преку веб на оваа страна: https://grok.com

Информацијата за достапноста на Grok апликацијата за сите корисници ја објави Елон Маск на X. 

Претходна статија45 години ФЛУ: Факултетот за ликовни уметности, УКИМ во Скопје го слави својот јубилеј
Следна статијаApple го претстави iPhone 16e заедно со Apple C1, првиот 5G модем од компанијата
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.