Meta се подготвува официјално да ја пушти нивната апликација конкурент на Twitter која е направена како „додаток“ на Instagram. Threads е името на апликацијата и за истата два пати до сега можевме да прочитаме, а дури ја видовме и во официјални слики од презентација од компанијата.

Сега апликацијата е пуштена во App Store од Apple, што значи дека официјалното пуштање е блиску. Доколку се отвори апликацијата во продавницата, достапна е информацијата дека апликацијата доаѓа наскоро и дека се очекува тоа да биде на 6 јули.

Во App Store апликацијата го носи името „Threads, an Instagram app“. Поврзувањето на новата апликација со Instagram може и да има логика. Мрежата веќе функционира на основа на следбеници и „следачи“, а исто така на кратки објави, односно различно до стилот на Facebook.

На ова треба да се додаде доста поголема популарност на Instagram изминатите години во споредба со Facebook, па јасна е одлуката на Meta.

Поради поврзаноста со Instagram, Threads овозможува задржување на корисничкото име, како и додавање на пријателите од оваа мрежа. Со тоа корисниците уште од самиот почеток може да ја „пополнат“ апликацијата со луѓе, па да не се добие чувството дека се почнува целосно од почеток.

Како што би се очекувало од конкурент на Twitter, главниот начин на објава е преку кратки текстуални објави, со можност за додавање на слики и видеа.

Овие апликации станаа доста популарни по купувањето на Twitter од страна на Елон Маск, во кого „екстремната левица“ во САД гледа непријател.

Деновиве Twitter го ограничи бројот на објави кои корисниците можат да ги прочитаат во еден ден, како привремена мерка против собирањето на податоци, а исто така престана да дозволува читање на јавните објави без Twitter сметка.

ИЗВОРEngadget
Претходна статијаНов монитор од Apple ќе прикажува „виџети“ и информации додека не се користи
Следна статијаИзработена прва дигитална мапа на 250 винарии достапна онлајн
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.