Вештачката интелигенција може слободно да се каже дека стана главната карактеристика кога ќе се помисли на Microsoft изминатите година дена. Тоа ќе стане уште повеќе точно оваа година, па веќе не може да се очекува да некој од производите или сервисите од компанијата не доаѓа со интеграцијата со ВИ.
Од компанијата дури најавија и промена на тастатурата за Windows компјутерите која сега вклучува и копче за активирање на Copilot, алатката која функционира на основа на генеративната вештачка интелигенција.
Во овој правец оди и промената на името на прелистувачот од компанијата, Edge, поточно ставањето на додавка на името кај апликацијата од прелистувачот за мобилните.
Доколку го побарате Edge во Play Store или во App Store, името на прелистувачот сега гласи „Microsoft Edge: AI Browser“.
Засега ова не значи дека прелистувачот е целосно променет, односно не е променета основата на кодот. Вештачката интелигенција во главно е достапна во форма на интеграција како во Windows 11, па корисниците се што треба е да притиснат на едно копче за вклучување на Copilot.
Сепак, за разлика од Copilot во Windows 11, кој може да се користи и за контрола на компјутерот, во случајот со Edge на мобилните тој е тука само за да се користи со содржината која е отворена во моментот.
Тоа значи дека на било која отворена веб страна, може да се активира Copilot и да се побара од него да ја сумира страната, а ова интересно функционира и на YouTube видеа.
Што се однесува до останатите можности на Copilot, тие се истите со тие на веб страната, односно ВИ асистентот може да му бидат поставени прашања, може да се побара креирање на содржина, како текст, слики и код и слично.
Microsoft нема да бидат единствените кои оваа година ќе ја искористат за интегрирање и промовирање на вештачката интелигенција, па такво нешто се очекува до одреден степен и од Apple, а Samsung го нарече Unpacked настанот за својата наредна генерација од Galaxy уредите, „Opening a New Era of Mobile AI“.