Microsoft продолжуваат со нивната карактеристична тактика за зголемување на популарноста на нивните производи со правење на нешто што секогаш го има спротивниот ефект.
Повторно овој стил се применува за зголемување на популарноста на нивниот интернет прелистувач, па овој пат Microsoft Edge пристапува до отворените „табови“ на Chrome.
Ова е досега позната функција, но истата беше замислена да функционира само еднаш, при префрлувањето на податоците од друг прелистувач, како на пример Chrome.
Microsoft имаат додадено ново прилагодување во овој дел, па според информациите корисниците воопшто не се информирани за вклучувањето на истото. Ова ново прилагодување овозможува информациите да се префрлуваат при секое вклучување на Edge, наместо само еднаш.
Информацијата ја објавува Том Ворен од The Verge кој истакнува дека по последната надградба на неговиот Windows 11, Edge автоматски се има вклучено со истите отворени „табови“ кои биле отворени во Chrome пред надградбата.
Иако прашањето е зошто воопшто постои ваква можност кај Edge, но Microsoft немаше повторно да биде предмет на критики ако барем ги информира корисниците и не ја вклучува автоматски истата.