Shutterstock.com

Можноста за симнување на само една апликација во исто време на Android преку Play Store е нешто што одамна чекаме да биде променето. Google конечно им овозможи на корисниците да можат да симнуваат повеќе од една апликација паралелно, а за почеток може да се симнуваат две апликации.

Според информациите, планирано е да се овозможи симнување на до пет апликации во исто време, но таа информација е неофицијална, па не може да знаеме дали ќе се оствари.

Google се’ уште ја нема потврдено оваа новина, а истата е забележана од страна на американските портали. Би требало да е пуштена за сите корисници на Android, но како и секогаш, процесот може да потрае повеќе недели.

Тоа што навистина би било корисно е можноста за симнување на повеќе од една апликација при процесот на ажурирање на апликациите. Се очекува Google да ја пушти оваа новина и за ажурирањето, но ќе почекаме да видиме дали и кога тоа ќе се случи.

Apple дозволува симнување на три апликации во исто време при процесот на ажурирање, што го прави доста побрз од тој на Android.

ИЗВОРAndroid Police
Претходна статијаНовите iPad Pro можно е да дојдат со M4 чипот наместо со M3
Следна статија905.958 граѓани знаат дека „Не е до нив, до тебе е“
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.