Фото: Shutterstock.com

Shazam, најпознатата апликација за препознавање на музика, сега оваа способност ја проширува и на музика од други апликации кои ги користи корисникот. Конкретно, корисниците сега ќе можат да препознаат некоја песна која ја слушаат на апликации како TikTok, Instagram или YouTube, па за истото веќе нема да им треба втор уред со инсталирана Shazam.

Според краткото објаснување на самата апликација, корисниците се што треба да направат е да притиснат на Shazam копчето, па да се вратат на апликацијата каде што е песната која сакаат да ја препознаат.

Shazam како и за другите ситуации, ќе го искористи микрофонот на уредот и ќе ја препознае песната која во моментот е пуштена на некоја од апликациите.

Инаку, Apple ја купи Shazam уште во 2017, па оваа апликација функционира и преку интеграција со iOS, односно корисниците можат на брз начин да откријат која песна ја слушаат преку контролниот центар на нивниот уред.

ИЗВОРMacRumors
Претходна статијаYouTube тестира заклучување на екранот за спречување на случајни притискања додека се гледа видео
Следна статијаНови гласини го најавуваат пуштањето на Windows 12 до крајот на идната година
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.