Фото: Shutterstock.com

Signal важи за една од најбезбедните, ако не и најбезбедната апликација за разговори на пазарот. Истата овој углед го постигнува преку нивното шифрирање на разговорите кое се користи како технологија и од страна на други апликации поради отвореноста на кодот, со што се овозможува и точна проверка на истиот.

Од компанијата сега тестираат дополнително подобрување на безбедноста на апликацијата со можноста да не се прикажува бројот во разговорите, а корисниците да се пронаоѓаат меѓу себе со кориснички имиња.

Оваа новина е се’ уште во тест фаза која не е стигната ни до бета верзија, па не може да се знае кога точно може да се очекува за сите корисници.

Тие што би сакале да ја пробаат тоа сепак не можат баш едноставно да го направат, а посебната верзија не е достапна да се инсталира стандардно како стабилната.

Понапредните корисници кои би сакале да ја тестираат оваа посебна верзија, објаснувањето за инсталацијата можат да го најдат тука.

ИЗВОРBleeping Computer
Претходна статија„Дискутабилниот“ Omegle престанува со работа после 14 години
Следна статијаПрв национален симпозиум на млади лекари на 10 и 11 ноември во „Мериот“
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.