На почетокот од месецот можевме да прочитаме дека Telegram ќе ја додаде популарната функција Stories во нивната апликација. За среќа, корисниците кои не сакаат да ја користат, можат да ја исклучат, оваа функција која веќе и да нема каде не е достапна.
Сега Stories на Telegram почнуваат да стануваат достапни за корисниците, но засега тоа е само за Premium корисниците, односно тие кои ја плаќаат месечната претплата од сервисот.
Како што беше најавено, Stories ќе бидат прикажувани на горниот дел од апликацијата и ќе имаат рок на траење, а во случајот со Telegram, тој рок може да биде 6, 12, 24 и 48 часа, а тука е и можноста за задржување на одредени објави на профилот од корисникот.
Корисниците ќе можат да бираат кој може да ги види нивните „приказни“, па тие ќе може да бидат јавни, достапни само за пријателите или за одредени контакти.
Не е познато дали од Telegram планираат да ја овозможат оваа нова функција за сите корисници во иднина или ќе остане како уште една причина за корисниците да сакаат да ја плаќаат месечната Premium претплата.