Фото: Shutterstock.com

Во најновата бета верзија за Android од WhatsApp, кај помал број на корисниците, се има појавено нова функција која овозможува полесен и побрз трансфер на разговорите од еден на друг телефон. Тоа се постигнува без користење на Google Drive, моменталното решение кои бара бекап на разговорите на овој сервис, па потоа симнување на другиот телефон.

Поголемата брзина на новиот начин е овозможена поради начинот на пренос на податоците, а тоа е директно од едниот на другиот телефон преку Wi-Fi Direct. Ова прави да преносот не зависи од брзината на интернетот, нешто што прави голема разлика за корисниците кои не се на оптика, а имаат доста големи разговори.

Како што може да се прочита од коментарите на корисниците кои ја имаат добиено оваа новина, истата е додадена во Settings > Chats и поврзувањето со новиот телефон се прави едноставно преку скенирање на QR код.

Нема информација кога би можела да се очекува оваа новина за повеќето корисниците на бета верзија од WhatsApp, односно кога може да се очекува за сите корисници. Исто така, не е познато дали вакво нешто се подготвува и за корисниците на iOS или тие ќе мора да продолжат да го користат iCloud како единствена можност.

ИЗВОРAndroid Police
Претходна статијаRoddenberry Archive претстави веб портал на кој може да се разгледаат повеќето Enterprise вселенски бродови од различните Star Trek серии
Следна статијаMicrosoft алтернативата на Canva, Microsoft Designer, пуштена за сите корисници
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.