Состојбата со COVID-19 направи да видео разговорите бидат популарни како никогаш до сега. Милиони луѓе комуницираат со своите пријатели, семејство и слично, поради неможноста да се видат во живо, па видео разговорите се покажаа како доста корисни.

Една апликација за која сигурно повеќето немаат ни слушнато до пред кризата, а најмногу поради тоа што е бизнис апликација, е Zoom. Оваа апликација нуди можност за видео конференција со повеќе учесници, истото го прави во одличен формат, а тука се и интересните можности додека се разговара.

Facebook е компанија од која би се очекувало дека ќе се приклучи на овој тренд со нови можности за своите корисници, па тука доаѓа Messenger Rooms.

Ова е нова функција на постојните апликации која овозможува корисниците да креираат таканаречени соби во кои ќе можат да се приклучат до 50 учесници. Тој што ја креира собата контролира кој се ќе може да се приклучи, а за истото може да се добие и линк, а не мора да се има ни Facebook сметка.

Оваа функција која прво ќе биде достапна на Facebook и на Messenger, се планира да се прошири и на WhatsApp, Instagram и Portal уредот од компанијата за видео разговори.

За почеток оваа функција ќе им биде достапна на корисниците во неколку земји, по што се најавува достапност во сите земји во неделите што следат.

ИЗВОРFacebook
Претходна статијаНова кампања за сервисирање на Huawei уредите
Следна статијаСе одржа првиот Online Startup Weekend Skopje – Covid 19 edition – Кои се победничките идеи?
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.