Your Phone е одлична апликација од Microsoft која овозможува поврзување на Android телефоните со Windows 10. Моментално преку оваа апликација може да се гледаат известувањата од телефонот, сликите, SMS пораките, а како понови функции се можноста за гледање и контрола на екранот од телефонот и правење на повици.

Замислата е да кога ќе се седне на компјутерот да се работи, да се нема потреба од подигање на телефонот кој може да биде оставен на масата. Се што ќе стигне на телефонот може да се провери преку апликацијата на Windows 10, а тука е и можноста за префрлување на копиран текст.

Од Microsoft најавија уште една нова можност на Your Phone апликацијата, а тоа е контрола на музиката која е пуштена на мобилниот. Поточно, апликациите за музика кои имаат поддршка за нивна контрола преку центарот за известувања во Android, може да се контролираат преку Your Phone на истиот начин.

Во левиот долен агол од Your Phone ќе биде прикажана мала лента на која ќе стои името на песната, слика доколку е достапна, како и контролите.

За да може да функционира оваа новина, корисниците треба да ги имаат вклучено известувањата во апликацијата.

Достапноста треба да почне веднаш, а може да ја користат корисниците на Windows 10 October 2018 Update, па понови, како и Android 7.0 и понови.

ИЗВОРWindows Central
ИЗВОР 2Microsoft
Претходна статијаРСБСП со апел: Бидете внимателни и одговорни зад воланот за првомајските празници
Следна статијаMicrosoft Word ќе го означува како грешка дуплиот простор после крајот на речениците
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.