За време на CES 2020 саемот за технологија, кој секоја година традиционално се одржува на почетокот од годината во Лас Вегас, Sony како компанија беа присутни во дел кој никој не би ги очекувал.
Тие претставија концепт од електричен автомобил, наречен VISION-S, за кој уште не е познато дали означува влез на пазарот на автомобили за оваа компанија или само демонстрација на технологијата која тие ќе ја продаваат на другите производители.
Како и да е, концептот е целосно развиен, односно возилото им беше достапно на присутните во Лас Вегас, што значи дека од компанијата сериозно влегуваат на овој пазар, без разлика во која форма.
Дизајнот на возилото, како што би се очекувало е модерен, а тоа посебно важи за внатрешноста која е полна со екрани на допир.

Од Sony посебно ги истакнуваат 33-те сензори кои се достапни во возилото, внатре и надвор, кои покрај следењето на својата околина, активно ги следи и возачот и патниците со цел овозможување максимална безбедност.
Тоа што посебно се истакнува, а е специјалност на Sony, е вклучувањето на нивните сензори за камери во мобилните уреди во автомобилот, со што му се овозможува подобра проценка на околината.

Од компанијата посебно ги истакнуваат безбедносните функции на VISION-S, како и целиот систем за контрола на возилото кои се внатре на местото на стандардните контролни табли. Сигурно може да се каже дека ова возило му конкурира на Tesla чии возила се опремени со најновата технологија, а внатрешноста посебно го истакнува тоа.
Се разбира дека Sony не би претставиле концепт од автомобил со мотор со внатрешно согорување, па VISION-S е целосно електричен автомобил, кој со сензорите кои се дел од него, сигурно можеме да бидеме сигурни дека во иднина ќе може да овозможи и автономно возење.