Додатоците (add-ons) се тие што го прават Firefox прелистувачот навистина корисен и функционален. Со нив можете да додавате одредени функции кои што не доаѓаат со прелистувачот и со тоа да го подобрите вашето искуство при сурфање.
Секој месец, група на доброволци во Firefox, работат на откривање на нови и интересни додатоци. Во продолжение можете да ја погледнете листата на 13 додатоци направена од страна на Firefox доброволците, која според нив ги претставува најдобрите за 2013 година.
URL Link Овој додаток ви овозможува да селектирате било каков текст и да го отворите исто како да се работи за линк. Ова е корисно за ситуациите кога наидувате на линк на кој што не можете да кликнете или линк во email порака кој што не е целосен.
Click and Clean Преку овој додаток ќе можете да ја избришете вашата историја на прелистувачот, привремените интернет фајлови, историјата на симнати фајлови и слично.
Clear Console Ова е исто така додаток кој ви овозможува бришење на вашата историја на прелистувачот, кеш, колачиња (cookies). Она што го прави посебно корисен овој додаток е копчето кое го додава, преку кое што со едно притискање ја извршувате неговата функција.
Self-Destructing Cookies Со овој додаток можете да наместите автоматско бришење на колачињата од страните, веднаш после затворање на прозорецот или табот. Исто така нуди можност на избор на одредени сајтови на кои што не би сакале да ги избришете колачињата.
New Tab Plus Овој додаток ви додава функции на празната страна кога ќе отворите нов таб. Можете да додадете Speed Dial (листа на веб страни во форма на коцки) и слични можности.
Video Resumer Со овој додаток ќе можете да продолжите да ги гледате YouTube видеата од таму каде што имате застанато последниот пат. Ова функционира дури и ако го исклучите и повторно вклучите прелистувачот.
Reload Plus Со овој додаток можете да додадете повеќе функции на Reload копчето или кратенките на тастатурата за Reload.
Stylish Овој додаток ви овозможува да инсталирате теми и скинови на веб страните, Google, Facebook, YouTube, Orkut и други. Исто така можете да правите одредени промени на Firefox прелистувачот.
Fastest Search Брзо пребарување на обичен текст, цел збор, изрази на страните во моменталниот таб, сите табови и слично.
Google/Yandex Search Link Fix Овој додаток го спречува менувањето на линкот на резултатот, на Google Search, откако ќе го кликнете.
S3 Google Translator Со овој додаток можете да го користите Google Translate сервисот во вашиот Firefox прелистувач за преведување на: селектиран текст, внесена фраза или целата веб страна.
BluHell Firewall Едноставен додаток кој што без многу додатни функции и комплицирани сетинзи ќе ги блокира рекламите на страните што ги посетувате.
X-notifier Додаток кој што ве известува кога имате нова порака на вашите webmail сметки, а поддржува и одредени социјални мрежи.
Извор: Mozilla Blog