ID-10073643

Статистиките доаѓаат од International Telecommunications Union (ITU), односно Интернационалната Телекомуникациска Унија која што е специјализирана агенција на Обединетите Нации.

Тие во согласност на стратегијата за новиот милениум, поставена во 2000-та година, го презентираат напредокот на интернет технологијата во светот и го споредуваат со тој пред 15 години. Инаку, извештаите агенцијата ги изготвува годишно, па можат да се прават поточни споредби за било која година.

Од презентираните бројки може да се види огромен напредок во светот во последните 15 години. Тоа се разбира не е воопшто за изненадување со оглед дека се работи за почетоците на интернет технологиите кои што не беа достапни до пред неколку децении.

internet-users-15

До крајот на оваа година се очекува 3,2 милијарди луѓе да бидат поврзани на интернет во целиот свет. Од нив, 2 милијарди живеат во некоја од земјите во развој. Интересна е споредбата од пред 15 години, кога бројот на интернет корисници бил само 400 милиони.

До крајот на годината исто така се очекува да има 7 милијарди корисници на мобилните услуги, што претставува пенетрација од 97%. Бројот на мобилни корисници пред 15 години изнесувал 738 милиони.

Мобилниот широкопојасен интернет пристап моментално е користен од страна на 47% од светската популација.

Корисници на домашен интернет во земјите во развој се 34%, додека во развиените земји оваа бројка изнесува повеќе од 80%. Бројката е значително помала во најмалку развиените земји и истата е 7% од населението. Светскиот просек изнесува 46%.

Извор: ITU (pdf)

Фото:  Sujin Jetkasettakorn / freedigitalphotos.net

Претходна статијаНовиот Skype за Windows 10 нема да биде достапен веднаш
Следна статијаJony Ive унапреден во ново креираната позиција Главен Директор за Дизајн
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.