bittorrent-live

BitTorrent Live е сервис претставен пред година дена и е уште во бета фаза. Претставува протокол за видео стриминг во живо на начинот на кој што работи и споделувањето на torrent фајлови. Поточно, стримингот наместо да се пренесува преку серверите на емитувачот на содржината, истиот се пренесува директно на гледачот преку peer-to-peer протоколот. Она што е интересно и карактеристично за BitTorrent Live е што секој од гледачите на стримуваната содржина во исто време станува и мини емитувач на истата. Како што кога симнувате одреден torrent фајл, во исто време и го испраќате на други корисници, така и во случајот на стрмингот преку Live сервисот, додека ја гледате содржината во исто време ја стримувате на други корисници. BitTorrent Live функционира преку инсталирање на компјутерот, по што е овозможено емитување и гледање на содржина во живо.

Преку нивниот блог, BitTorrnet најавија дека до крајот на оваа година планираат Live сервисот да го направат достапен на мобилните преку апликација. Апликацијата и сервисот кога ќе бидат достапни ќе бидат исто така во тест фаза, односно во алфа верзија. Повеќе информации за тоа на кои платформи ќе биде достапна апликација и на кој начин точно ќе работи нема во овој момент.

BitTorrent-Live-Mobile

Предноста на користење на овој систем е немањето потреба од посебна опрема, односно сервери и инфраструктура за стримување на содржина, како и големото намалување на потрошувачката на интернет. Стандардните системи за стримување на содржина бараат повеќе интернет како што расте бројот на гледачи. BitTorrent Live поради користење на гледачите за емитување на содржината во исто време, овозможува задржување на истото ниво на интернет конекција со зголемувањето на бројот на гледачи.

Претходна статијаПинг-понг натпревар помеѓу човек и робот
Следна статијаDash – поврзете го автомобилот со вашиот Android телефон
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.