Покрај постоењето на добра конкуренција на пазарот, Dropbox останува едно од најдобрите и најмногу користени решенија за складирање на податоци во облакот. За голем дел од корисниците, ова име е единственото кои што ги интересира кога се работи за овој вид на сервиси.
Од компанијата патентираа технологија за пренос на податоци која што ќе го користи P2P (peer-to-peer) протоколот, најмногу познат на корисниците од Torrent програмите кои што го користат овој протокол за размена и симнување на датотеките.
Протоколот очекувано ќе користи заштитена комуникација користејќи криптографски клуч, со што ќе се добие саканата безбедност при трансферот на податоци.
Во патентот се истакнува дека со користењето на оваа технологија ќе се добие можност за побрзо и безбедно споделување на фајлови помеѓу корисниците. Главната намена на користењето на овој протокол сигурно може да се види најмногу кај компаниите, поточно тие кои што во своето работење зависат од брз, стабилен и безбеден трансфер на податоци коишто најчесто се големи и по повеќе гигабајти, а и терабајти.
Иако од патентот не може да знаеме како би била интегрирана една ваква технологија во постојната понудата од Dropbox, ако воопшто некогаш дојде до тоа, можат да се извадат неколку претпоставки.
Користењето на P2P протоколот е многу подобро решение кога се работи за трансфер на големи податоци. Тие нема потреба да поминуваат од корисникот на серверите од компанијата, па потоа кај другиот корисник, а овој начин само предизвикува помала брзина на трансфер.
Исто така, многу важно изминатите години, на овој начин на пренос на податоците, тие не поминуваат на туѓ сервер со што се заштитува приватноста на корисниците кои што остануваат единствените кои располагаат со своите податоци.
Нешто слично, со оглед на тоа што не знаеме какво би било решението од Dropbox, има во својата понуда BitTorrent со нивното Sync решение. Преку програмата, корисниците ги споделуваат своите податоци директно преку P2P протоколот со што добиваат приватно решение во облакот.
Извор: PCWorld