duck-duck-go

Можеби голем број од вас не се запознаени дека постојат и не ни помислиле да користат други интернет пребарувачи, покрај Google или можеби нешто помалку и Bing пребарувачот од Microsoft. Еден од алтернативните пребарувачи, кои што и ги нема многу, е DuckDuckGo кој што станува се попопуларен, а најмногу поради една негова карактеристика. Овој пребарувач не ги зачувува и следи вашите пребарувања, вашата IP адреса и слични податоци кои што на големо ги собираат Google и Bing, односно барем така тврдат неговите сопственици. Покрај ова пребарувачот во соработка со open source заедницата работата на додавање на голем број на додатоци како на пример, математички пресметки, генерирање на сигурни лозинки и многу повеќе, а сите тие се организирани во категории за полесно пронаоѓање.

Од DuckDuckGo преку нивниот блог најавија дека се во изработка на нова верзија од овој пребарувач која што ќе вклучува нов и поедноставен дизајн на главната страна и страната со резултати, како и неколку нови функции барани од корисниците. Со овие новини може да се каже дека пребарувачот ќе стане сериозна конкуренција на Google, па со зголемување на загриженоста на корисниците за својата приватност, бројот на корисници на овој пребарувач може сериозно да се зголеми. Функциите кои што ќе бидат додадени се можноста за пребарување на слики, локации, како и прикажување автоматски предлози при пребарувањето.

Новата верзија од пребарувачот е во тест фаза и можете да ја пробате преку следниот линк.

Претходна статијаMicrosoft ќе го претстави Surface Mini на 20-ти Мај ?
Следна статијаНови функции на OneDrive на веб и Android
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.