Zix Corporation, лидер во заштита на e-mail податоците го објави лансирањето на “Google Apps Message Encryption” (GAME), кој е специјално дизајниран за инфраструктурата на Google Apps, на барање на Google. Целта е да се обезбеди сигурен e-mail на корисниците на Google Apps при комуницирање надвор од безбедниот Google cloud кон сите други e-mail корисници.
Моментално Google обезбедува безбеден e-mail во рамките на својата инфраструктура и меѓу своите потрошувачи. Сепак, меиловите кои се испраќаат кон други e-mail системи како Yahoo или Microsoft Exchange се ранливи при преносот низ јавниот Интернет.
Корисниците можат да користат различни начини за да додадат криптографија со јавен клуч на нивните пораки, но тие решенија се привремени и не се идеални за организација со голем број на корисници.
Наспроти ова, GАМЕ обезбедува e-mail енкрипција на секој можен примач, па со тоа ги уверува Google Apps корисниците дека ги заштитуваат сензитивните информации на своите потрошувачи и партнери.
GAME е апликација за Google Admin конзолата. Оваа веб апликација им дозволува на администраторите да додадат авторизирани корисници во одреден домен на GAME сервисот и да сетираат таканаречени bounce пораки ( за да го информираат праќачот дека се јавил проблем при достава на порака) кои се праќаат кон неавторизирани корисници.
Кога корисниците на Google Apps имаат потреба од тоа некоја порака да се енкриптира, пораката се рутира кон Zone кој претставува околина на податочен центар на Zix, направенa само за потребите на GAME. Во рамките на Zone, e-mail адресата на испраќачот се проверува во позитивната листа на корисници, креирана од администраторот на доменот.
Доколку корисникот е авторизиран да праќа енкриптирани меилови, пораката ќе биде енкриптирана и испратена со користење на најдобриот метод на достава (BMOD). За Google Apps корисниците, методот за достава без користење на клуч е ZixPort. Доколку корисникот не е авторизиран, се испраќа соодветна порака назад кон испраќачот.
GAME е достапен за 35$ годишно по корисник.
Ова не е првпат Google да понуди производ за енкриптирање на пораки на своите потрошувачи. GАМЕ всушност е наследник на Google Message Encryption (GME), кој е исто така Zix производ. GME беше дел од Postini алатките за email и веб сигурност. За разлика од GAME, GME никогаш не се интегирараше директно во Google Apps, туку администраторите мораа да се најават на Postini за да сетираат полиси и правила.
Од 2012 година, Google е во процес на пренесување на своите Postini сервиси кон Google Apps платформата. GAME е резултат на оваа транзиција.
“Во средина на зголемување на свеста за податочните закани, сега е поважно од кога и да е компаниите да имаат доверливо решение за сигурна размена на вредните кориснички и корпорациски податоци,” рече Rick Spurr, извршен директор и претседател на ZixCorp. “Оваа објава е подобрување на Google Apps, кое нуди сигурно решение за меиловите од крај до крај и е одраз на посветеноста на двете компании кон зголемување на безбедноста на email податоците.”