Досега на Facebook Chat преку веб можевте да видите дали вашите пријатели се вклучени (online) и дали ја користат мобилната апликација Messenger. Доколку се вклучени до нивното име има зелена точка, а facebook-chatдоколку не се вклучени во моментот, меѓутоа ја користат мобилната апликација, тогаш до името имаат икона од мобилен.

Ново е што покрај секој моментално вклучен пријател, покрај зелената точка сега стои и известување од каде е приклучен пријателот. Доколку вклучениот пријател е вклучен преку веб, тогаш до неговото име ќе стојат зелената точка и зборот WEB. Исто така, доколку вклучениот пријател е вклучен преку мобилната апликација, до неговото име ќе стојат зелената точка и зборот MOBILE. Иконата од мобилен ќе продолжи да биде прикажувана за пријателите што се приклучуваат преку својот мобилен, меѓутоа во моментот на се вклучени.

Оваа функција на Facebook треба да овозможи подобро користење на chat делот, со тоа што кога знаете од каде е приклучен некој ваш пријател, ќе знаете и каков разговор би било најдобро да започнете. Не би сакале сигурно да почнете да раскажувате како сте си поминале претходната вечер и да напишете многу текст, кога вашиот пријател е вклучен преку својот мобилен и нема да може активно да се вклучи во разговорот.

Претходна статијаOffice Remote апликација за контролирање на презентации преку Windows Phone
Следна статијаOpera 18 за Android со нов интерфејс за таблет компјутери
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.