Корисниците на Facebook кои објавуваат видео и аудио содржина, веќе имаат можност да ги регулираат правата со што добиваат можност да одлучуваат кој може да ја користи нивната содржина. Оваа можност, која е дел од „Rights Manager“ во „Creator Studio“ на мрежата, се проширува и ќе почне да ги опфаќа и сликите.

Со ова, објавувачите ќе имаат можност да ги заштитат своите слики, односно ќе можат да одлучат ако сакаат објавите кои ги имаат нивните слики да бидат тргнати. Овој избор ќе може да биде и направен како за сите објави, така и по региони, доколку правата се однесуваат ограничено.

За да може една слика да биде признаена како нечија сопственост, ќе биде потребно истата да се докаже, односно да се испратат потребните податоци, по што од компанијата одлучуваат за веродостојноста.

Оваа алатка е пред се замислена да се користи од страна на познатите брендови кои користат нивни слики, кои не ретко претставува предизвик да бидат сликани. Што се однесува до останатите корисници, од мрежата истакнуваат дека ќе биде предизвик да се овозможи оваа алатка и да не биде злоупотребена.

ИЗВОРFacebook
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаSamsung го претстави Galaxy S20 FE со пониска цена, а сепак карактеристики од највисоката класа
Следна статијаOnePlus 8T ќе биде претставен на 14-ти октомври со 120Hz екран и новини првпат дел од OnePlus телефон
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.