Facebook планира да направи подобра контрола на начинот и типот кој што објавуваат страните. Поточно се работи за објави кои што планираат да ги стават во категоријата на спам, со што на истите ќе им биде намалена важноста, а со тоа и интервалот на појавување во однос на другите страни. Се работи за страните кои што се обидуваат на разни начини да дојдат до што поголема публика, односно три видови на пораки со кои што Facebook планира да се справи врз основа на спроведени анкети на корисниците.

Мамки за лајкови (Like-bating)

Се работи за објави кои што директно бараат од корисниците да притиснат лајк, да ја споделат содржината или да остават коментар, со што од Facebook сметаат дека на тој начин тие се надеваат да добијат повеќе публика од тоа што основната објава нормално би добила.

like-baiting-screenshot

Често повторно споделувана содржина

Одредени страни често повторно споделуваат одредени објави кои што сметаат дека биле популарни кај корисниците. Ова многу почесто се прави во последните години со намалувањето на опфатноста на објавите поради намалување од страна на Facebook, но и поголемиот број на содржини објавени на социјалната мрежа. Според анкетираните корисници, оваа пракса на повторно споделување не е нешто што тие го сакаат, односно по неколку пати да ја гледаат истата содржина, па и на овие страни ќе им биде намалена важноста во однос на другите страни.

Спам линкови

Се работи за линкови објавени на Facebook кои што корисниците мислат дека носат до одредена слика, но истите носат до страна полна со реклами и слична содржина. Корисницте се „измамени“ преку менување на линковите и насловот на содржината, со што тие мислат дека се работи за нешто друго.

Извор: Facebook

Претходна статијаМини преносен принтер кој се движи врз хартијата за печатење
Следна статијаSamsung Galaxy S5 почнува да се продава од денес во 125 земји
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.