
Голем дел од бизнисите функционираат преку директна комуникација со своите моментални и потенцијални корисници директно преку нивните веб страни преку систем за разговори вграден на главната страна. На овој начин корисниците можат многу побрзо да бидат информирани за тоа што им треба, без потреба од барање и пополнување на формите за контакт.
Facebook како сопственик на можеби најпопуларниот сервис во светот за разговори, Messenger, сега сака компаниите да го користат и за комуникација со корисниците директно од нивните веб страни.
Тоа значи дека наместо развивање и имплементирање на сопствен систем за разговори, компаниите ќе можат на нивните веб страни да го имплементираат Facebook Messenger. За таа цел Facebook моментално со одредени компании тестира нов додаток (plugin) кој компаниите леснио ќе може да го стават на нивната веб страна.
Голем дел од компаниите веќе го користат Facebook, односно нивните Facebook страни за комуникација со корисниците, па можноста за разговор и преку нивната веб страна, сигурно ќе биде добредојдена.
Разговорите започнати преку додатокот на веб страната ќе бидат поврзани со Messenger сервисот, односно апликациите, па корисниците ќе можат да го продолжат разговорот и по напуштањето на страната.
Извор: TechCruch