Рекламите коишто ги гледаме на Facebook не се секогаш прикажани врз основа на нашите интереси за кои од мрежата знаат доста. Дел од рекламите се директно наменети за нас преку имејл адресата или телефонскиот број кој го имаат огласувачите.
Од Facebook ќе започнат да го прикажуваат ова како информација, односно во делот „Зошто го гледам ова“, ќе стои многу подетелна информација од сега.
На нас како корисници ќе ни биде прикажана информација дека огласувачот ги има нашите контакт информации, а ќе биде и прикажано дали рекламата е објавена директно од огласувачот или преку некоја агенција.

Исто така, Facebook ќе не информира за тоа дали податоците се споделени помеѓу партнерите.
Оваа информација на корисниците ќе им користи за подобро да знаат каде се нивните податоци се искористуваат за рекламни цели. Тие можеби не знаеле дека тоа ќе биде случајот, па во иднина повеќе ќе внимаваат каде ги оставаат своите податоци.